Услови за користење
Општо
Оваа веб-страница и сите нејзини потстраници, (заедно „Страницата“) ја објавува и ја одржува Husqvarna AB (publ)/GARDENA GmbH или компаниите од нејзината групација, нејзините подружници или претставништва (заедно HUSQVARNA). Вашето користење на Страницата подлежи на правно обврзувачки договор помеѓу вас и HUSQVARNA („Договор“). Ако ја користите Страницата, прифаќате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле со одредбите и условите и сите поврзани документи.
Лиценца
Врз основа на одредбите и условите наведени во овој Договор, HUSQVARNA ви дава неексклузивно, непреносливо, ограничено право на пристап, користење и прикажување на оваа Страница и материјалите што се наоѓаат на неа. Вие се согласувате да не го нарушувате, ниту да се обидувате да го нарушувате функционирањето на страницата на каков било начин.
HUSQVARNA ве овластува да ги прегледувате и преземате информациите („Материјали“) на Страницата само за ваша лична и некомерцијална употреба. Ова овластување не подразбира пренос на сопственоста на Материјалите и копии од Материјалите и подлежи на следниве ограничувања: 1) на сите преземени копии од Материјалите мора да ги зачувате сите известувања за авторски права и други известувања за сопственост; 2) не смеете да ги менувате Материјалите на каков било начин ниту пак да ги репродуцирате или јавно прикажувате, изведувате, дистрибуирате или на каков било друг начин да ги користите за каква било јавна или комерцијална потреба; и 3) не смеете да ги пренесувате Материјалите на друго лице, освен ако не го информирате лицето за обврските што произлегуваат од овие одредби и услови и тоа се согласи на нив. Се согласувате да се придржувате до сите дополнителни ограничувања прикажани на Страницата кои би можеле да се појават на неа при нејзиното ажурирање. Оваа Страница, вклучувајќи ги и сите Материјали, е заштитена со законите за заштита на авторските права и одредбите на договорите за заштита на авторските права низ светот. Се согласувате дека ќе се придржувате до сите закони за заштита на авторските права во светот при користењето на оваа Страница и дека ќе спречите какво било неовластено копирање на Материјалите. HUSQVARNA не ви дава никакво експлицитно или имплицитно право на патентите, дизајните, заштитните знаци, авторските права или трговските тајни.
Кориснички гаранции
Вие потврдувате и гарантирате дека ќе ја користите Страницата во согласност со овој Договор, вклучувајќи ги законите и одредбите од овој Договор и дека ќе се придржувате до сите постојни и идни политики и правила на Страницата. Се согласувате дека нема да ја користите Страницата за да: (а) пренесувате спам или ненарачани комуникации; (б) да настапувате во име на HUSQVARNA или на некој друг и да дозволите трета страна да настапува во ваше име; (в) ги фалсификувате заглавијата или на некој друг начин да манипулирате со идентификаторите за да го прикриете потеклото на содржините пренесени преку Страницата; (г) погрешно да ја претставите вашата поврзаност со некоја личност или ентитет; (д) постапувате на начин кој негативно влијае на користењето на Страницата на другите корисници; (ѓ) учествувате во активности кои би можеле да го прекршат законот, (е) објавувате или пренесувате какви било материјали кои ги прекршуваат или повредуваат на каков било начин правата на другите или кои се незаконски, навредливи, клеветнички, вулгарни или на друг начин несоодветни или содржат рекламирање или нудење одредени производи или услуги или (ж) прибирате или складирате лични податоци за другите корисници освен ако имате посебно овластување од тие корисници.
Приватност
Информации во врска со практиките за приватност на HUSQVARNA, како ги прибираме и користиме вашите податоци и како ја заштитуваме вашата приватност може да најдете во Политиката за приватност на HUSQVARNA. Со користењето на оваа Страница се согласувате вашите лични податоци да се користат во согласност со Политиката за приватност на HUSQVARNA.
Промени
HUSQVARNA го задржува правото, по своја дискреција, да менува, додава или отстранува делови од овој Договор или Договорот во целина, во кое било време и без претходно известување. Промените во овој Договор стапуваат во сила по нивното објавување на оваа Страница. Доколку продолжите да ја користите Страницата откако на неа биле објавени измени во овој Договор, ќе се смета дека ги прифаќате тие измени.
HUSQVARNA нема да биде законски обврзана со овој Договор и ги задржува сите свои законски права во врска со таквата неусогласеност.
Права на интелектуална сопственост
Прифаќате и се согласувате дека сите права на интелектуална сопственост (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, авторски права, патенти, „know-how“, доверливи информации, права на бази со податоци и права на заштитни знаци и дизајни, регистрирани или нерегистрирани) на Страницата се стекнати права на HUSQVARNA или нејзините даватели на лиценца. Сите права на деловна или интелектуална сопственост кои произлегуваат од користењето на таквата интелектуална сопственост со кои се стекнала HUSQVARNA ѝ стојат на располагање на HUSQVARNA.
Прифаќате и се согласувате дека нема, ниту пак нешто во овој Договор ви дава такво право, да ги користите заштитните знаци на HUSQVARNA, заштитните имиња, регистрирани знаци, логоа, имиња на домени или други препознатливи карактеристики на брендот.
Имајте предвид дека сите информации, ненарачани предлози, идеи или други поднесоци нема да се сметаат за доверливи и нема да се сметаат за ваша сопственост. Доколку ни испратите какви било информации или материјали, освен во Декларација за информации за патент, како што е опишано во Политиката на Husqvarna за разгледување на ненарачани идеи, на HUSQVARNA ѝ давате неограничена и неповратна лиценца на светско ниво која не подлежи на плаќање авторски надомест, да ги користи, репродуцира, прикажува, изведува, менува, пренесува или дистрибуира тие материјали или информации, а исто така се согласувате дека HUSQVARNA има целосна слобода да ги користи сите идеи, концепти, „know-how“ или техники што ќе ни ги испратите за каква било цел. Повеќе информации побарајте во Политиката на Husqvarna за разгледување на ненарачани идеи.
Софтвер
Секој софтвер кој може да биде достапен за преземање од оваа веб страница („Софтвер“) е авторски заштитено дело на HUSQVARNA и/или нејзините снабдувачи.
Користењето на Софтверот се раководи од условите на договорот за лиценца за крајниот корисник, ако таков постои, кој го придружува или е вклучен во Софтверот („Договор за лиценца“). Освен ако е поинаку регулирано со Договорот за лиценца, Софтверот е достапен за преземање само за користење од страна на крајните корисници. Секое репродуцирање или редистрибуирање на Софтверот кое не е во согласност со Договорот за лиценца може да резултира со прекршочни и кривични пријави.
БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО, ЕКСПЛИЦИТНО СЕ ЗАБРАНУВА КОПИРАЊЕТО ИЛИ РЕПРОДУЦИРАЊЕТО НА СОФТВЕРОТ НА ДРУГ СЕРВЕР ИЛИ ЛОКАЦИЈА ЗА ПОНАТАМОШНА РЕПРОДУКЦИЈА ИЛИ РЕДИСТРИБУЦИЈА.
СОФТВЕРОТ ПОДЛЕЖИ НА ГАРАНЦИЈА, ДОКОЛКУ ЈА ИМА, САМО ВО СОГЛАСНОСТ СО УСЛОВИТЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЛИЦЕНЦА. ОСВЕН КАКО ШТО Е ГАРАНТИРАНО ВО ДОГОВОРОТ ЗА ЛИЦЕНЦА, HUSQVARNA СО ОВА СЕ ОГРАДУВА ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ВО ПОГЛЕД НА СОФТВЕРОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ СИТЕ ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ЗА ТРГУВАЊЕ, ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ И НЕПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА.
Веб-страници од трети страни
За полесно користење, Страницата може да содржи врски до страници на интернет кои ги поседуваат, објавуваат и одржуваат трети страни. HUSQVARNA не се обврзува да ги следи или прегледува таквите Содржини на страници од трети страни, ниту пак HUSQVARNA е одговорна за точноста или веродостојноста на таквите веб-страници од трети страни.
Надворешни врски до Страницата
Сите врски до Страницата мора да бидат писмено одобрени од HUSQVARNA, освен оние врски за кои HUSQVARNA се согласува дека: (i) врската е само текстуална врска која го содржи само името „HUSQVARNA“ и не содржи ниту еден од заштитните знаци во сопственост на HUSQVARNA или нејзините даватели на лиценца; (ii) врската „насочува“ само до www.husqvarna.com, а не во некоја од потстраниците; (iii) врската, кога ќе биде активирана од корисникот, ја прикажува страницата на цел екран во прозорец на прелистувачот кој е целосно функционален и низ него корисникот може слободно да се движи, а не во „рамка“ на поврзаната Веб-страница; и (iv) изгледот, положбата и другите аспекти на врската не може да создадат лажен впечаток дека некој ентитет или неговите активности се поврзани или спонзорирани од HUSQVARNA, ниту пак се такви што ќе ја намалат или ќе ѝ наштетат на репутацијата која се поистоветува со името и заштитните знаци на HUSQVARNA или нејзините Подружници. HUSQVARNA го задржува правото да ја отповика ваквата согласност за поставување врски во секое време, по сопствена дискреција.
Исклучок на имплицирани гаранции
Иако се преземени мерки да се обезбеди точноста на информациите на оваа Страница и нејзината континуирана достапност, HUSQVARNA не презема никаква одговорност за тоа. МАТЕРИЈАЛИТЕ МОЖЕ ДА СОДРЖАТ НЕТОЧНОСТИ И ПЕЧАТНИ ГРЕШКИ. HUSQVARNA НЕ ЈА ГАРАНТИРА ТОЧНОСТА ИЛИ КОМПЛЕТНОСТА НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ИЛИ ВЕРОДОСТОЈНОСТА НА СОВЕТИТЕ, МИСЛЕЊАТА, ИЗЈАВИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИНФОРМАЦИИ ПРИКАЖАНИ ИЛИ ДИСТРИБУИРАНИ ПРЕКУ СТРАНИЦАТА. ПРИФАЌАТЕ ДЕКА ВАШАТА ДОВЕРБА ВО ТАКВИТЕ МИСЛЕЊА, СОВЕТИ, ИЗЈАВИ, МЕМОРАНДУМИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ ЌЕ БИДЕ НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. СИТЕ СОДРЖИНИ СЕ ДОСТАВУВААТ „ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ“ И „КАКВИ ШТО СЕ ДОСТАПНИ“. HUSQVARNA ЕКСПЛИЦИТНО СЕ ОГРАДУВА ОД КАКВИ БИЛО ЗАСТАПНИШТВА ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЕКСПЛИЦИТНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ГАРАНЦИИ НА ТРГУВАЊЕ ИЛИ НИВНАТА ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, НЕПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА, ИЛИ, ПАК, ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОВАА СТРАНИЦА ИЛИ СОДРЖИНИТЕ. HUSQVARNA НЕ ЈА ГАРАНТИРА И НЕ СЕ ЗАСТАПУВА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ОВАА ВЕБ-СТРАНИЦА. ПРИФАЌАТЕ ДЕКА СИТЕ ИСПРАТЕНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕ ДА БИДАТ ПРЕСРЕТНАТИ. HUSQVARNA НЕ ГАРАНТИРА ДЕКА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ИЛИ СЕРВЕРИТЕ КОИ ЈА ОВОЗМОЖУВААТ ДОСТАПНОСТА НА ОВАА СТРАНИЦА ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ КОМУНИКАЦИИ ИСПРАТЕНИ ОД HUSQVARNA НЕ СОДРЖАТ ВИРУСИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ШТЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ. СИТЕ ЗАСТАПНИШТВА, ГАРАНЦИИ И УСЛОВИ ОД ТОЈ ВИД СЕ ИСКЛУЧЕНИ, ОСВЕН ДО СТЕПЕНОТ ВО КОЈ ЗАКОНОТ ГО ЗАБРАНУВА НИВНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ. ОВА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ВАЖИ И ВО СЛУЧАЈ НА КОЈА БИЛО СТРАНИЦА ОД ТРЕТИ СТРАНИ.
Информациите кои се објавени на веб-страницата може да содржат референци или вкрстени референци до производи, услуги итн. на HUSQVARNA кои не се воведени или достапни во вашата земја. Точноста на таквите информации не може да се гарантира, особено бидејќи овие информации подлежат на промени, специфични барања или достапност и таквите референци не имплицираат дека HUSQVARNA има намера да ги воведе тие производи, услуги итн. во вашата земја. Контактирајте го локалниот продавач за комплетни информации во врска со производите, услугите итн. кои ви се достапни и за нарачките. HUSQVARNA го задржува правото, по своја дискреција, да го менува, додава и/или отстрани кој било производ, услуга итн. во секое време, без претходно известување.
Ограничување на одговорноста
ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ HUSQVARNA НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА КАКВИ БИЛО ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЛЕДИЧНИ, КАЗНИВИ, СПЕЦИЈАЛНИ ИЛИ СЛУЧАЈНИ ШТЕТИ (ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ШТЕТИТЕ ОД ГУБЕЊЕ НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ДОГОВОРИ, ПРИХОДИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ИЛИ ПРЕКИН НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ) ПРЕДИЗВИКАНИ ОД, ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА СТРАНИЦА ИЛИ СОДРЖИНИТЕ, ИЛИ, ПАК, ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО ПОВРЗАНОСТА СО ОВИЕ УСЛОВИ, ДУРИ И АКО HUSQVARNA БИЛА ПОСОВЕТУВАНА ВО ВРСКА СО МОЖНОСТА ЗА ТАКВИ ШТЕТИ. ОСВЕН УСЛОВИТЕ НАВЕДЕНИ ОВДЕ, HUSQVARNA НЕ ПРИФАЌА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ БИЛО ГРЕШКИ, НЕТОЧНОСТИ, ИЗОСТАВУВАЊА ИЛИ ДРУГИ ГРЕШКИ ИЛИ НЕТОЧНОСТ ИЛИ НЕАВТЕНТИЧНОСТ НА КОИ БИЛО ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ СОДРЖАТ НА ОВАА СТРАНИЦА. ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ВАЖИ И ВО СЛУЧАЈ НА КОЈА БИЛО СТРАНИЦА ОД ТРЕТИ СТРАНИ.
Исказ за надлежност
Оваа Страница ја контролира, раководи и администрира HUSQVARNA од своето претставништво во Шведска. HUSQVARNA не се застапува дека материјалите на оваа Страница се соодветни или достапни за користење на други локации, надвор од Шведска. Забрането е пристапувањето до Страницата од териториите на кои содржините на оваа Страница се нелегални. Ако пристапите до оваа Страница од локации надвор од Шведска, вие сносите одговорност во согласност со сите локални закони. Законите на Кралството Шведска го уредуваат овој Договор, без да ги земаат предвид неговите евентуални конфликти со законските одредби. Стокхолмскиот Окружен суд ќе има ексклузивна надлежност како прва инстанца при споровите кои може да настанат од овој Договор.
Последно ажурирање на 26.08.21.